.

29 August 2006

ТРИЛОГИЈА ЗА СОФИЈА

SONG light


Во светлината на догорената свеќа
го гледам твоето мило лице
твоето тело од восок
твоите очи од пламен

Секаде околу себе
го чувствувам твоето присуство
Во крвавата
на твојот заборавен отпушок
Во крвавата боја
на неовенатата роза

Те гледам
изгреваш,
Твојот светол лик
ја разбива темнината
во моето срце

Со секој твој збор
исчезнува капка од мојата роса
На моето небо без ѕвезди
исчезнуваат темните облаци

Ти си мој пат
Кон неодговорените прасања
кон неостварените желби
кон неизговорените мисли

Сонцето изгрева
некаде далику на исток
А сепак е толку блиску
во нашите огнени срца

19.09.1991




SONG dark


Во остатоците од свеќата
го гледам твојот матен лик
твоето истопено тело
твоите згаснати очи

Околу мене
те нема повеќе
Те одфрлам како догорен одпушок
Те отфрлам како овената роза

Те нема
згаснуваш
Те нема
Некогаш светлото лице
го проголта темнината
во празнината на моето срце

Секој твој збор
изговорен во лудило
брзо се губи
во сенката на заборавот

Не беше способна
Да одговориш на мојте прашања
Да ги оствариш мојте желби
Да ги разбереш мојте мисли

Сонцето заоѓа
длабоко во океанот
за никогаш повторно
да не изгрее


28.10.1991






....НА СОФИЈА, КРАЛИЦАТА НА МРТВИТЕ ЛАВОВИ

Сонувам ли ?
Гласови и мириси разни
далеку, до мене
И само бои пред моите очи
во тебе разлеани

Страст и радост
Болка и тага
Мизерија и врвност
Кошмар на постоењето
крстен во црвено вино

И ти, само ти пред мене !

Најпожелна фантазија, црвена,
скриена во оган сто гори се,
Опкрузена со Берлински зид
Забранета за погледи голи

Рака во рака
Допир и задоволство
трпет на тела
крв и вода
победена крајност на пепелот,
како некогаш, повторно феникс

Сонувам ли ?
Ако е тоа се што остана
се што ми остана од тебе
Остави ме во боите твои
никогаш да не се разбудам....


По истоимената слика на мојот пријател
08.01.1992

No comments: