.

27 November 2006

Во стилот на Буковски

Познавам човек
со дваесетина лица
во една личност
(не ги знам сите, можеби се повеќе, којзнае...)


Знаеме понекогаш, не, често
добро да се напиеме
и, обично почнува прв,
наизглед
со добра причина
да пцуе, да крши,
а потоа јас да пцујам
и да се отераме од кај што сме излегле
(понекогаш се добро се завршува)


Жените
никогаш не се рамнодушни
кон него
иако долго не издржуваат
со него
секогаш постои некое лице
што неможе да го поднесат
( некој комбинации се просто не поимливи )


Често не ги разбира моите постапки
и кога ке му кажам да закути
беснее во стилот на
Робинзон Крусо, Ван Гог и Сократ заедно
( болен сум од некое друго лудило што на крајот
можеби исто завршува )


Пробува да ствои
нешто што веке има
и нешто што никогаш не ке го има.
Човекот
мора да научи да прави компромиси
Никој не е совршен
( најмалце ние )


Сепак,
на својте платна остава траги
што нема да
избледат
низ времето, ке останат кога и тој ке
избледи
за да ги бојадисуваат секавањата
на
за некој
Безнадежниот Алкохоличар
Потенционалниот Шизофреничар
Добриот Љубовник
Лошиот Маж
Добриот Син
Лошиот сликар
Добриот Сликар
Лудиот Сликар
Културниот Господин
Некултурниот Простак
и што уште не,
а за мене
стариот Зоран
на кого утрово ке му однесам
кутија цигари
и оваа песна
а потоа
( можеби ) ќе одам на работа.




На мојот добар пријател
сликарот З. Н.

29.08.1992

No comments: