.

09 April 2007

БУНАР

Пропаѓање,
чисто,нежно,
како во бунар,
остануваш со здрави нокти
до дното.

Спас...
верба, надеж,
Ти фрлаат сламка,
да те извлечат, мислиш,
но никој не ја држи
на другиот
крај.

На дното
во темнината
одекнуваат илјада гласови
но не те подигаат ни за педа.
Сваќаш, премногу веруваш.
Всушност,
дното секгаш било твое место
а светлината
си ја наоѓал
во реалноста на сонот.

Но,
зошто да живееш
кога би немал сон ?
Почнуваш да се качуваш,
а в лице ти фрлаат
врело масло и скапани стаорци.
Продолжуваш,
педа по педа,
сонувајки,
знејќи,
само сонот останува,
само за него, за себе,
мораш да се бориш
тој да стане
реалност.



07.12.1992

4 comments:

немирната said...

Да, за соништата се бориме цел живот, за нивното остварување дишиме, со нив се будиме. Но не знам колку е паметно да се остварат сите сништа и колку навистина сакаме да станат реалност...

DeadPoeT said...

...Сепак, добро е додека имаме соништа, имаме за што да се бориме, за што да живееме....
Без нив би биле како празни тетратки што ветрот би ги носел каде што сака.

Паметно или не ?
Хм....
Се секаваш на старата поговорка,

Внимавај што посакуваш, еден ден тоа може и да ти се оствари .

немирната said...

Да, во право си дека имаме за што да се бориме... Но, во борбата некогаш се губиме и не се исплаќа по секоја цена да се оствари сонот.

Jana said...

Мислам дека вреди да дадеш се па дури и да изгубиш се...знам дека моите соништа ја имаат баш таа вредност .