.

09 November 2006

КАРПА

Ги скршив сите мои правила
Ја продадов сета моја гордост
ги излажав сите мои чувства
за љубовта на една карпа

Се надевав дека ќе ја сронам
ќе ја претворам во прав
ќе ја полеам со мојата љубов
ке ја претворам во глина
и ќе створам човек
достоен да го поделам
мојот живот со него

Ги кршев рацете од неа
за да и допрам до сржта
Ја растопував во крв и солзи
Ја топлев во мојте прегратки
а таа останувасе ладна
се подалечна и поцврста
вовлекувајќи се во стравот
да не биде повредена
нејзината достоинственост
достојна за презир

Бог го создал човекот
но јас не сум бог
да нучам карпа да сака

Остани во твојата нечовечност
додека небото не те скрши
и развее во заборав...



14.11.1993

1 comment:

nemirnata said...

Mi se sviga!! Mnogu!! Prekrasna ilustracija prepletena so gradacija. Bravo!

Mozam da kazam deka ovaa pesna mi e edna od top 3ti na tvojov blog.

Sekoja cest!