.

12 јуни 2007

СМРТТА НА ПОЕТОТ

Се будам
и се ме боли
и рацете
и срцето
и душата

Минав години
во сон без соништа
само темнина
тишина без мириси
Се присилувам
да ги помрднам прстите
да допрам
да се сетам

Кој сум ?
Од каде сум ?

Зрнца светлина
се тркалаат
по моите очни капаци
чуствувам како треперат
во мојата темнина

Се плашам
Навистина се плашам
Ако ги отворам очите

Кого ќе видам ?


09.10.2000

04 јуни 2007

ПОСЛЕ СЕ...

И што да се каже после се ?

После се ...
Како се да сме заборавиле
Но не..
Можеме ли навистина ?

Широки зеници
окружени со сонце,
Непознати патишта
покриени со темнина.
Две несреќи
срекно загубени
оковани во сребро
долу, под ѕвездите

После се...

Постои ли поток
што може лесно
да ја изгасне
разорената шума ?
Постои ли карпа
што може засекогаш
да ја запре
задивената река ?

После се...
Како се да завршило.
Но не...
Ја зборуваме ли вистината ?



14.12.1991

18 мај 2007

ДИОНИС

Кога светло плавото
ќе стане пурпурно црвено,
барем само и за миг
сети се дека постојам.

Кога ке те обземе чувство
на капка вода во Сахара,
отвори ја твојата душа
повикај ме, јас ке дојдам.

Кога си во темнина
празна и ладна како етер,
затвори ги очите тогаш
остави ме да те исполнам.

Кога ќе зажалиш
за водата што истекла,
подај ги усните твои
кон мојата црвена крв.

А кога разумот
ке почне да се дави
во мене,

побегни и заборави ме,
до идното среќавање.



01.12.1991

03 мај 2007

ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАШ

За што ли размислуваш
Кога зборувам со звездите
Кога раскажувам за возвишеното
Кога патувам во просторите
на надморалното, надреалното
Кога се судирам
со вредностите на примитивците
што го владеат светот
Со малограѓанските погледи
врз мене, обележувајќи ме

За што ли размислуваш
Чмаејќи во твојата пасивност
Играјќи на туѓи ноти
Плашејки се да го допреш
сопствениот сон
за да не бидеш прогонуван
повторувајки си
‘‘ Јас неможам, јас не смеам....‘‘



08.10.1993

27 април 2007

ПЕЧКА

Јас сум мала црна печка.
Ја топлам околината.
Согорувам се во себе.

Доаѓаат луѓе, драги и недраги,
ме ложат со љубов и омраза,
почит и љубомора,
отпушоци и алкохол,
со скршени црни нокти
оставени во ранетите им срца,
изгубени надежи и мисли
излеани на скршените слики,
Јазици лигави и топли,
воздишки од допири
исцедени од блудните девици,
погледи строги и благи
скриени зад крвавите очи,
зборови остри и благи
изкажани зад затворените усни.
Со својте маки и несреќи,
правди и неправди,
лаги и лични вистини.

...јас согорувам се,
тие се топлат и добро им е.
Студот останал зад нив , мислат,
се е во ред, но сепак...

Согорувањето создава чад и пепел
а тие заборават
да остават отвори
за пепелник и ќунци

Топло е,
добро е додека издржувам....



03.1992

09 април 2007

БУНАР

Пропаѓање,
чисто,нежно,
како во бунар,
остануваш со здрави нокти
до дното.

Спас...
верба, надеж,
Ти фрлаат сламка,
да те извлечат, мислиш,
но никој не ја држи
на другиот
крај.

На дното
во темнината
одекнуваат илјада гласови
но не те подигаат ни за педа.
Сваќаш, премногу веруваш.
Всушност,
дното секгаш било твое место
а светлината
си ја наоѓал
во реалноста на сонот.

Но,
зошто да живееш
кога би немал сон ?
Почнуваш да се качуваш,
а в лице ти фрлаат
врело масло и скапани стаорци.
Продолжуваш,
педа по педа,
сонувајки,
знејќи,
само сонот останува,
само за него, за себе,
мораш да се бориш
тој да стане
реалност.



07.12.1992

04 април 2007

ALCHOHOLICA DELIRIUM

Го гледаш ли
твоето лице
во чашата
полна со brandy ?

Го чуствуваш ли
како тој струи
низ твоите вени
во твојте мисли ?

Го следиш ли
звукот на
реката што
тече во бескрај ?

Ја чуствуваш ли
празнината на
испиената флаша
во твојата душа ?





22.10.1991

03 март 2007

БЕЗ НАСЛОВ

Се срекаваме
Во рамките на времето
духот зрачи
простотот не е важен

Бескрајно течеме
Две реки без почеток
што можеби се спојуваат
во океанот на задоволствата

Најтешко им е на слепците
што гледаат, а неможат да видат,
непробојни зидови
од најцврст флуид

Дарежливоста е цел
Љубовта е дарот
целта е исполнета
кога дарот е возвратен



26.09.1991

17 февруари 2007

ВРАТИ

Некогаш, една љубов многу силна
се роди
во една од собите на моето срце
Ја отвори
вратата и сосема го исполни


Но наскоро стана многу болна
Беше сама
Затоа клучот и срцето решија да
ја затворат
Тоа воопшто не беше лесно


Долго време клучот се бореше
со неа
Ја заклучуваше во собата
а таа
ги кршеше бравите лудувајќи


Еднаш клучот ги собра сите
свои сили
Успеа да ја заклучи на
подолго време
Лежеше во собата бесна

Дури тогаш срцето свати
уште колку
Љуов има во другите соби
Занесено
Отвараше врата по врата


Ниедна од нив не остануваше
сама
Но ни доволно силна да
го исполни
Сепак, не губеше надеж


Те најде тебе во раст
те негуваше
како најдобро знаеше
ти растеше
и растеше, исполнувајќи го


Успеа да ја заклучиш болката
засекогаш
Ја оотави да капе по малку
низ клучалката
додека сосема не пресуши

Твојата врата ке остане засекогаш
отворена





10.08.1992

14 февруари 2007

ПРАШАЊА

Слика на светот низ прозорецот
надвор е ладно
јас сум внатре...
во тебе ?

Сликата бледее
се топи во црвеното вино
Во мене ?

Што му останува на човек
кога сака слепец ?

Да му ја раскаже сликата надвор ?
Да му ја раскаже сликата внатре ?
Знае ли тој
каква боја има виното ?

Каква е љубовта без бои ?


28.12.1992

09 февруари 2007

.... на Маја

Реката тече и носи све
во цел тој хаос
не беше лесно да те пронајдам
и да се препуштиме на водата
да не носи заедно

Таа знае да биде
сурова понекогаш
Држи се цврсто
и не дозволувај
некој бран
да не раздвои ...



23.12.1991

На другарка ми Маја

04 февруари 2007

КРУГ НА ПРИРОДАТА

Се сеќавам на денот
кога од некаде те донесе ветерот,
беше мала и уморна, но носеше живот,
те примив во мојата почва
да растеме заедно ....

Те хранев тогаш, како и сега
ги пружи својте корења низ мене
ги испиваше мојте сокови,
Те држев цврсто иако научи
дека може да паднеш само на мене.

Ми се предаде во радост, и денес,
кога ке погледнам кон створителот
ги гледам твојте гранки над мене
срекен што со тебе сум поблиску
за да го милувам небото.

Не плаши се никогаш
кога секирите беснеат околу тебе
нема да дозволам да те одтргнат
и да те претвотат во оган
иако пак во мене ке се вратиш

Ќе дојде ден кога ке родиш дел од нас
плод што ке ја понесе нашата љубов
кога небото ке реши да го подари на ветерот
за да го однесе некаде далеку
за да ја заигра својата судбина



01.02.1993

11 јануари 2007

ВРЕМЕ

Понекогаш непотребно долго
капе по мојте чувства
како река или мисла
тече во своето корито
ронејќи ги рабовите
освојувајќи нови простори
лизгајќи го тлото
под мојте нозе

.....и се наогам себе си
во матицата
ме троши по дното
ме крши од карпите
ме носи низводно
далеку во океанот

ах...
кога би знаел да пливам



18.10.1995

27 декември 2006

БУРА

Околу мене е мирно,
премногу е мирно,
се е темно
без звезди и месечина
без шепот
и лавеж на кучиња


Се будам
и ја проколнувам
тишината без движења



15.09.1993

17 декември 2006

MAJKA

Ако некогаш одпловиш од дома
низ белиот свет
за да најдеш збор друг
што ќе го замени зборот Љубов,
и не ќе го најдеш,
сети се дека си го оставил
далеку зад себе
од каде што си тргнал,
сети се дека тоа е зборот
Мајка.







На мајками за среќен роденден

10.14.1992

27 ноември 2006

Во стилот на Буковски

Познавам човек
со дваесетина лица
во една личност
(не ги знам сите, можеби се повеќе, којзнае...)


Знаеме понекогаш, не, често
добро да се напиеме
и, обично почнува прв,
наизглед
со добра причина
да пцуе, да крши,
а потоа јас да пцујам
и да се отераме од кај што сме излегле
(понекогаш се добро се завршува)


Жените
никогаш не се рамнодушни
кон него
иако долго не издржуваат
со него
секогаш постои некое лице
што неможе да го поднесат
( некој комбинации се просто не поимливи )


Често не ги разбира моите постапки
и кога ке му кажам да закути
беснее во стилот на
Робинзон Крусо, Ван Гог и Сократ заедно
( болен сум од некое друго лудило што на крајот
можеби исто завршува )


Пробува да ствои
нешто што веке има
и нешто што никогаш не ке го има.
Човекот
мора да научи да прави компромиси
Никој не е совршен
( најмалце ние )


Сепак,
на својте платна остава траги
што нема да
избледат
низ времето, ке останат кога и тој ке
избледи
за да ги бојадисуваат секавањата
на
за некој
Безнадежниот Алкохоличар
Потенционалниот Шизофреничар
Добриот Љубовник
Лошиот Маж
Добриот Син
Лошиот сликар
Добриот Сликар
Лудиот Сликар
Културниот Господин
Некултурниот Простак
и што уште не,
а за мене
стариот Зоран
на кого утрово ке му однесам
кутија цигари
и оваа песна
а потоа
( можеби ) ќе одам на работа.




На мојот добар пријател
сликарот З. Н.

29.08.1992

09 ноември 2006

КАРПА

Ги скршив сите мои правила
Ја продадов сета моја гордост
ги излажав сите мои чувства
за љубовта на една карпа

Се надевав дека ќе ја сронам
ќе ја претворам во прав
ќе ја полеам со мојата љубов
ке ја претворам во глина
и ќе створам човек
достоен да го поделам
мојот живот со него

Ги кршев рацете од неа
за да и допрам до сржта
Ја растопував во крв и солзи
Ја топлев во мојте прегратки
а таа останувасе ладна
се подалечна и поцврста
вовлекувајќи се во стравот
да не биде повредена
нејзината достоинственост
достојна за презир

Бог го создал човекот
но јас не сум бог
да нучам карпа да сака

Остани во твојата нечовечност
додека небото не те скрши
и развее во заборав...



14.11.1993

04 ноември 2006

ИСПОВЕДНИК

Мојата душа е широка
Дојдете и оставете трагови
нека се изгубат
сите ваши јадови,
нека потонат во неа
како во жива кал
а потоа
одете си чисти
и оставете ме
со вашето ѓубре.

Имам време за се,
Имам време за сите,
Дојдете и оставете трагови...




29.01.1993

19 октомври 2006

QUO VADIS HOMO

Како што времето одминува
се почесто го газиме небото
ја продаваме уметноста
ја материјализираме љубовта
страста ја претвораме во похот
мислите во безвредност
Некогашното
пиење и духовност
станува
локање и обична пијанка
полна со навреди
зајадливи подсмеви
оптужби, фалења и празни зборови


Ми недостигаат деновите
на добар разговор
тиха светлина
и неколку литри Brandy
што тогаш не оплеменуваа...


16.06.1993

16 октомври 2006

ДВЕ НЕБА

Двајца, во Еден
На хоризонтот две неба.
Плаво небо
Драго и далеко
Црно небо
Драго и блиско

Еден во црното
Еден во плавото

Црно
Истражено и досадно
Плаво
Недопрено и пожелно

Еден
во монотонија
Еден
во авантура

Драго и далеко
Црно небо
Драго и блиско
Плаво небо

Две неба на хоризонтот
Еден, во двајца.


22.11.1991

10 октомври 2006

без име

Се бориме еден против друг
за капка гордост
што и онака ја имаме премногу.

Извади си ги очите
за да гледаш подобро
Одсечи си го јазикот
за да слушаш подобро
исечи си ги ушите
за да се чуеш самиот

Убиј го најдобриот другар
затоа што ти е најдобар
и знаеш, ќе ти прости.

Крвта е вода
а водата тече во бескрај


03.06.1993

05 октомври 2006

... ПО СОНОТ

Денови и ноќи копнеж
одкога те пронајдов
со сонце во косата
по твојата топлина

Сон драг и чест
И кога најпосле се оствари,
кога сонот стана јаве
се се изгуби како сон...

Остана само чувството
длабоко и неодминливо,
како стравот и крикот
по нокните мори

И повторно копнеж, сега,
одкако те почувствував,
Те всадив во себе,
се всадив во тебе,
Повторно по сонот копнеж,
сон
од кој не сакам да се разбудам...




10.03.1992

ЗАБОРАВ

Ги погребувам скапаните коски
на чудовиштето Сеќавање,
седум метри во тврдата земја
а тоа проклето
го прокопува патот назад
секој пат


Бегам од него
во водите на заборавот,
а тоа јава на секој бран зад мене
се врзува за мојте нозе
како блок од гранит
влечејки ме кон дното
без здив

Бегам од него,
а тоа извира
од секоја нота,
од секој стих,
проникнувајќи во секое катче од моите сништа,
незадржливо, кошмарно, непобедливо,

Како јас да сум дел од него,
а не тоа дел од мене...



06.12.1993

03 октомври 2006

ЧЕКАЈКИ ТЕ ...

Повторно ме оставаш
кога најмногу ми требаш...

Ме оставаш сам
со стегнато срце
да ги слушам чекорите
на минувачите под прозорецот,
надевајки се дека
некој од нив ќе бидеш ти.

Тивко ке се појавиш
на прагот
и ке дојдеш до мене,
гледајки ме со очи
од љубов и тага,
нема да кажеш ништо,
само ке се свиеш во мене
а јас ке слушам како дишеш,
гледајќи во оганот
со затворени очи...


05.04.1993

27 септември 2006

ПОГЛЕД ПОД ПОВРШИНАТА

Љубов,
што навистина значи ?

Таа е надеж
Помоли се на морето
кога ке тргнам до дното
Верба,
Следи ме во провалијата
со затворeни очи
Болка,
Одкини дел од телото
и подари ми го со насмевка
Борба,
Прегрни ме силно
кога ке ти забодам нож во срцето
Жртва,
Легни крај мене и смртта
и затвори го ковчегот.


14.02.1993

26 септември 2006

ЦРНА МАЧКА

Се случи во една темна нок,
скитајки слушнав плач крај патот
се наведнав и го здогледав
беспомошно црно маче
рането, со затворени очи

Подаов рака да го погалам
а тоа ми го лизна прстот
очајно барајки помош
Почувствував дека ми е мило
решив да се грижам за него

Растесе заедно со мене
му се отворија очите
го научив да јаде и пие
да игра , да сонува
да зивее и да биде среќно

Порасна во убава црна мачка
заедно учеме за за животот
за убавото, за љубовта...
баравме места што кријат чувства
одкривајки ги чувствата во нас

Еден ден од невнимание
и згазив на опашката.
Врисна и побегна, полна со бес
ја молев да се врати, да ми прости,
не го сторив тоа намерно...

Се врати набрзо назад
Но остана животинскиот инстинкт
на страв од повторна болка
Остана и безпричинскиот бес
што заборави да го заборави

Повеке не сака да ми се приближи
несака да ми верува
Плашејки се од болката заборава
како ја најдов на работ, и ја лечев
како ја учев да живее и љуби

Зошто ли упорно, несвесно,
ја повикува таа проклета болка назад
вадејки ми го окото ?
Ке ги разбистри ли заматените мисли ?
Ке научи ли повторно да сака ?

Ако сеуште го задржи својот бес
може да ме обеси и да ме закопа зад зидот
доле, во темниот подрум,
но ке и бидам нокна мора целиот живот
го сакала ли тоа или не
мојата Црна Мачка.



06.08.1992 год
со помош на По

12 септември 2006

ТИ

Седиш овде и венееш,
во твојот сопствен свет
во твојата искривена слика
од болната реалност

Умираш, не мрдајќи ни со прст
да ја допреш вистината
да ја побараш наоколу
ако воопшто постои

Се давиш во црвеното вино
црвено како пролеаната крв
од твојте млади вени
што тече по мене...



17.03.1992

04 септември 2006

ПЧЕЛА

Колку неизнерна убавина,пчела во мојата кутија.Ја чувам само за себе
Таа стана, мислев, моја

Скриена еротика,
Лета од цвет на цвет
Незаситно собира полен
Јас не добивам мед


Сепак, ја чувам
Ќе ми прости знам.
Не добивам мед
Не добива ни таа

Знаеш, таа ме боде
Тоа боли понекогаш
Ја молам да престане
Таа пак ме боде

Но, не е ни важно
Ке ми прости знам

Колку е тоа тажно
Може да го остави осилото во мене
Тогаш таа ке умре
Кутијата ке остане празна

Но, не е ни важно,
Ќе и простам,
можеби....



23.11.1991

03 септември 2006

ПОЛЕТАЈ

За мене сикако птица
на туѓа гранка
што напукнува

Од синото небо
добриот Амор
те нишани
со мојата стрела

Скрши ја гранката
полетај високо
во слободата на воздухот
каде што лебдам, и те чекам



03.11.1991

НА ДЕНОТ НА МОЈОТ РОДЕНДЕН

На денот на мојот роденден
Родна земја и шарено небо

Мирис на црвена ружа
мирис на зелена трева
мирис на човечка пот
мачка и две кучиња
соба со бели чаршави
и ѕвезди на таванот
околу шарениот лустер

На денот на мојот роденден
покрај немиот телефон
ја чекам последната честитка
и твојот глас
од некаде
далеку ...



Струмица
06.06.1992

01 септември 2006

СЕЌАВАЊЈА ВО СОБАТА

Ноќ, виси осамена, грешна,
се испружила низ мене бедно
Одсекаде наоколу
потекнуваат секавања
на тебе.....

Од далеку звон на кристал,
ги посакува твојте усни
и цервеното вино
нежно, на себе, опојни

Под нене ладниот кревет
го повикува твоето тело
копнеејќи за твојата топлина
што не се заборава


Глувите зидови шепотат
некој среќни времиња
кога само би го чуле
твојот глас уште еднаш

Низ прозорецот ѕирка
познато небо,
сега темно
зошто неможе да те види
тебе крај мене...



02.03.1992

ЗБОРОВИ

Што вредат тие ?

‘‘Те сакам‘‘
И ниси немир
и одкрива сомнеж,

‘‘Те посакувам‘‘
И носи желба
и открива страв,

‘‘Љубов‘‘
И го губи смисолот
кога ке се изговори

Може ли звукот да ги почувствува ?

А може ли срцето
кога не се изговорени ?


16.12.1991

КРАЈ



...и времето поминува,
и ние зрееме,
изнудената срека
сега излегува
на дневната светлина
од измиената душа

Сватив,
не вреди да се борам
за нешто што
веке не е вредно
за нешто
одамна загубено..

Топлите чувства
потонаа
ви мразот на зборовите,
Врисокот на срцето
го задушија
делата твои

Ти беше оган
Јас горев во тебе
Но после дождот
остана само дим
сто брзо ке избледи
во празнината на срцето

Не мрази ме
нема да те мразам
неможеш да ме повредиш
ништо твое
повеќе нема
во мене....


23.10.1991

29 август 2006

ТРИЛОГИЈА ЗА СОФИЈА

SONG light


Во светлината на догорената свеќа
го гледам твоето мило лице
твоето тело од восок
твоите очи од пламен

Секаде околу себе
го чувствувам твоето присуство
Во крвавата
на твојот заборавен отпушок
Во крвавата боја
на неовенатата роза

Те гледам
изгреваш,
Твојот светол лик
ја разбива темнината
во моето срце

Со секој твој збор
исчезнува капка од мојата роса
На моето небо без ѕвезди
исчезнуваат темните облаци

Ти си мој пат
Кон неодговорените прасања
кон неостварените желби
кон неизговорените мисли

Сонцето изгрева
некаде далику на исток
А сепак е толку блиску
во нашите огнени срца

19.09.1991




SONG dark


Во остатоците од свеќата
го гледам твојот матен лик
твоето истопено тело
твоите згаснати очи

Околу мене
те нема повеќе
Те одфрлам како догорен одпушок
Те отфрлам како овената роза

Те нема
згаснуваш
Те нема
Некогаш светлото лице
го проголта темнината
во празнината на моето срце

Секој твој збор
изговорен во лудило
брзо се губи
во сенката на заборавот

Не беше способна
Да одговориш на мојте прашања
Да ги оствариш мојте желби
Да ги разбереш мојте мисли

Сонцето заоѓа
длабоко во океанот
за никогаш повторно
да не изгрее


28.10.1991






....НА СОФИЈА, КРАЛИЦАТА НА МРТВИТЕ ЛАВОВИ

Сонувам ли ?
Гласови и мириси разни
далеку, до мене
И само бои пред моите очи
во тебе разлеани

Страст и радост
Болка и тага
Мизерија и врвност
Кошмар на постоењето
крстен во црвено вино

И ти, само ти пред мене !

Најпожелна фантазија, црвена,
скриена во оган сто гори се,
Опкрузена со Берлински зид
Забранета за погледи голи

Рака во рака
Допир и задоволство
трпет на тела
крв и вода
победена крајност на пепелот,
како некогаш, повторно феникс

Сонувам ли ?
Ако е тоа се што остана
се што ми остана од тебе
Остави ме во боите твои
никогаш да не се разбудам....


По истоимената слика на мојот пријател
08.01.1992