.

05 October 2006

ЗАБОРАВ

Ги погребувам скапаните коски
на чудовиштето Сеќавање,
седум метри во тврдата земја
а тоа проклето
го прокопува патот назад
секој пат


Бегам од него
во водите на заборавот,
а тоа јава на секој бран зад мене
се врзува за мојте нозе
како блок од гранит
влечејки ме кон дното
без здив

Бегам од него,
а тоа извира
од секоја нота,
од секој стих,
проникнувајќи во секое катче од моите сништа,
незадржливо, кошмарно, непобедливо,

Како јас да сум дел од него,
а не тоа дел од мене...



06.12.1993

No comments: