.

19 October 2006

QUO VADIS HOMO

Како што времето одминува
се почесто го газиме небото
ја продаваме уметноста
ја материјализираме љубовта
страста ја претвораме во похот
мислите во безвредност
Некогашното
пиење и духовност
станува
локање и обична пијанка
полна со навреди
зајадливи подсмеви
оптужби, фалења и празни зборови


Ми недостигаат деновите
на добар разговор
тиха светлина
и неколку литри Brandy
што тогаш не оплеменуваа...


16.06.1993

3 comments:

Ines said...

Prekrasno si ja opisal povrsnosta,hipokrizijata i materijalizmot na vremeto vo koe ziveeme...I ne samo toa...Tuku i taznata slika sto ja oddavaat nasite mladeski ideali koi godinite i rutinata gi pretvorile vo obicna magla.

Veruvaj uzivav dodeka ja citav pesnava...Delumno i poradi toa sto moite razmisli na ovaa tema celosno se poklopuvaat so tvoite:)

DeadPoeT said...

Ja napisav vo vremeto koga pocnavme da stanuvame "obicni, ja napisav od razicaruvanje vo svetot okolu mene...


Ines,
Mnogu mi znacat tvoite komentari,
Ti blagodaram :)

Анастазија said...

Има разлика во стилот, иако не помалку ми се допаѓа оваа песна од останатите.
Добро доловено, крајно романтичарски, особено она „тиха светлина“ и претварањето на страста во похот...
Убаво направено поету.