.

12 June 2007

СМРТТА НА ПОЕТОТ

Се будам
и се ме боли
и рацете
и срцето
и душата

Минав години
во сон без соништа
само темнина
тишина без мириси
Се присилувам
да ги помрднам прстите
да допрам
да се сетам

Кој сум ?
Од каде сум ?

Зрнца светлина
се тркалаат
по моите очни капаци
чуствувам како треперат
во мојата темнина

Се плашам
Навистина се плашам
Ако ги отворам очите

Кого ќе видам ?


09.10.2000

2 comments:

немирната said...

Ќе го видиш она што не сакаш да го видиш нели? Затоа и се плашиш да ги отвориш очите.

Но, зошто не собереш храброст да ги отвориш и да го побараш со погледот она што навистина сакаш да го видиш? Не се предавај на едноставноста, на монотонијата, ти можеш повеќе ;)

Anonymous said...

Ах тоа будење колку е тешко особено кога ќе не разбудат. И мене ми е тешко да допрам до некои мои содржини кои знаат од болка и да ме парализираат оптегната на кревет прашувајќи се која сум и од каде сум и што ми се случува сега на мене. Сепак, не се плаши да се погледнеш затоа што во сефот наш немаме само болка страданија и јадеж. Во нашето срце има широк спектар на чувства и емоции, па да не дозволиме планинскиот врв на умот да не спречи да уживаме во прекрасното виножито.
Поздрав и одбери го патот на срцето