.

26 September 2006

ЦРНА МАЧКА

Се случи во една темна нок,
скитајки слушнав плач крај патот
се наведнав и го здогледав
беспомошно црно маче
рането, со затворени очи

Подаов рака да го погалам
а тоа ми го лизна прстот
очајно барајки помош
Почувствував дека ми е мило
решив да се грижам за него

Растесе заедно со мене
му се отворија очите
го научив да јаде и пие
да игра , да сонува
да зивее и да биде среќно

Порасна во убава црна мачка
заедно учеме за за животот
за убавото, за љубовта...
баравме места што кријат чувства
одкривајки ги чувствата во нас

Еден ден од невнимание
и згазив на опашката.
Врисна и побегна, полна со бес
ја молев да се врати, да ми прости,
не го сторив тоа намерно...

Се врати набрзо назад
Но остана животинскиот инстинкт
на страв од повторна болка
Остана и безпричинскиот бес
што заборави да го заборави

Повеке не сака да ми се приближи
несака да ми верува
Плашејки се од болката заборава
како ја најдов на работ, и ја лечев
како ја учев да живее и љуби

Зошто ли упорно, несвесно,
ја повикува таа проклета болка назад
вадејки ми го окото ?
Ке ги разбистри ли заматените мисли ?
Ке научи ли повторно да сака ?

Ако сеуште го задржи својот бес
може да ме обеси и да ме закопа зад зидот
доле, во темниот подрум,
но ке и бидам нокна мора целиот живот
го сакала ли тоа или не
мојата Црна Мачка.



06.08.1992 год
со помош на По

3 comments:

немирната said...

Интересно.. И не само мачката, туку и ние сме такви, луѓето. Велиме дека сме заборавиле и простиле а длабоко во нас постои страв од повторна болка.

А песнава е напишана во интересен стил.. Необичен.. Браво ;)

Rocka said...

Тоа е најболното нешто, да неможес да ги надминеш сопствените стравови, да простиш и заборавиш.
Ти ја јаде утробата одвнатре и те уништува.
Секој мора да се соочи со себеси и својте стравови ако сака да најде мир.


Песната е во интересен стил, да, сакав да експериментирам, не се врзував за правила, писував како чувствував во моментот.

Amaya Minoru said...

Allan Poe, а? Да, и мене ми е омилен.