.

17 February 2007

ВРАТИ

Некогаш, една љубов многу силна
се роди
во една од собите на моето срце
Ја отвори
вратата и сосема го исполни


Но наскоро стана многу болна
Беше сама
Затоа клучот и срцето решија да
ја затворат
Тоа воопшто не беше лесно


Долго време клучот се бореше
со неа
Ја заклучуваше во собата
а таа
ги кршеше бравите лудувајќи


Еднаш клучот ги собра сите
свои сили
Успеа да ја заклучи на
подолго време
Лежеше во собата бесна

Дури тогаш срцето свати
уште колку
Љуов има во другите соби
Занесено
Отвараше врата по врата


Ниедна од нив не остануваше
сама
Но ни доволно силна да
го исполни
Сепак, не губеше надеж


Те најде тебе во раст
те негуваше
како најдобро знаеше
ти растеше
и растеше, исполнувајќи го


Успеа да ја заклучиш болката
засекогаш
Ја оотави да капе по малку
низ клучалката
додека сосема не пресуши

Твојата врата ке остане засекогаш
отворена





10.08.1992

2 comments:

немирната said...

Eh koga bi bilo taka lesno da se preboli nekoj.... Ne bi bila vakva kakva sto sum sega...

Rocka said...

Се ќе помине ...

Немирна, ке дојде еден ден и твојот принц, одненадеж, ке се појави пред тебе и ке ти го исполни срцето со љубов.
Се што ќе треба да сториш е да се препуштиш, и да му дозволиш да тбоето срце да сака повторно, без страв...