.

03 May 2007

ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАШ

За што ли размислуваш
Кога зборувам со звездите
Кога раскажувам за возвишеното
Кога патувам во просторите
на надморалното, надреалното
Кога се судирам
со вредностите на примитивците
што го владеат светот
Со малограѓанските погледи
врз мене, обележувајќи ме

За што ли размислуваш
Чмаејќи во твојата пасивност
Играјќи на туѓи ноти
Плашејки се да го допреш
сопствениот сон
за да не бидеш прогонуван
повторувајки си
‘‘ Јас неможам, јас не смеам....‘‘



08.10.1993

2 comments:

немирната said...

Често се случува да бидеме роб на обичноста, роб на малограѓанството, роб на множинството.


Кога ќе престанеме да мислиме на другите и ќе почнеме да мислиме прво на самите себе, ќе бидеме доволно храбри да му направиме шах-мат на животот.

Другите не го живеат нашиот живот, другите ја немаат нашата кожа, не ги боли нашата несреќа. Затоа имаат право да молчат.

Jana said...

До кога само ке мислиме и зборуваме?
кога ке почнеме да се бориме за тоа што навистина го сакаме во животот без разлика на тоа што викаат другите?
Кога ке покажеме со дела дека навистина сме храбри?